Бизнисменот Кочан ќе добие упатен акт за во затвор
Foto

Бизнисменот Кочан ќе добие упатен акт за во затвор

Бизнисменот Сеад Кочан брои ситно до датумот за да оди во затвор. Наредните денови судија за извршување на санкции треба да му го определи датумот за извршување на казната од четири години и осум месеци за финансиски малверзации во случајот Труст. Првиот човек на кривичен Иван Џолев на брифинг со новинарите потврди дека предметот вчера стигнал од Апелација, судот кој му ја намали казната.

Откако упатниот акт ќе му биде доставен, тој самиот ќе треба да замине во затвор, за издржување на казната. Но има законска можност да бара и одложување на извршувањето на казната, како што тоа го бараше на пример Никола Груевски или Гордана Јанкуловска , на која и беше прифатено барањето поради мајчинските обврски со бебето, кое на 1 јули завршува и Јанкуловска ќе треба да замине во Шутка.

За бизнисменот Кочан, АКМИС системот ќе треба по случаен избор да избере судија кој ќе го одреди датумот за затвор. Законот за извршување на санкциите предвидува дека осуденото лице треба да се јави во установата најмалку осум, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт. Сепак, Кочан може да поднесе барање да му се одложи казната ако исполнува еден од условите пропишани со закон меѓу кои се здравствени причини, смрт на близок, ако лицето е земјоделец итн.

Инаку Кочан не е во притвор, а еднаш веќе им побегнана органите на прогон, па се врати во земјава. Тој во меѓувреме избега и се врати, а Судскиот совет уште нема одлучувано за судиите од Врховен суд кои му го укинаа притворот пред две години, на чело со претседателот Јово Вангеловски.

0 Коментари

Остави коментари