БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА БАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ОДАНОЧУВАЊЕТО НА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ
Foto

БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА БАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ОДАНОЧУВАЊЕТО НА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ

Бизнисот бара од владата да го одложи оданочувањето на капиталните добивки кое треба да стартува од наредната година. Алармираат дека тоа ќе се одрази на тргувањето на берзата и ќе ги одвраќа инвеститорите.

Капиталните добивка сега не се даночат, а од 2020 година треба да се плаќа данок од 15 проценти. Првиот човек на берзата Иван Штериев вели ќе поднесат иницијатива до владата и ќе бараат одложување.

Вицепремиерот Анѓушев пак прв пат слуша за ваквото барање, но вели ќе го разгледаат со внимание.

0 Коментари

Остави коментари