Бизнис самит Македонија - Бугарија
Foto

Бизнис самит Македонија - Бугарија

На компаниите од Македонија и од Бугарија им треба железница и добри патишта за да ја зголемат соработката, откако политичарите ги зближија двете земји со потпишување на договорот за пријателство. На денешниот форум вицепремиерите Анѓушев и Дончев ги слушнаа забелешките на бизнисот, но и се пофалија дека соработката меѓу земјите драстично се подобрила.

Дончев најави отворање на заеднички граничен премин меѓу Бугарија и Македонија, во следните неколку месеци, откако земјите ќе се договорат на чија територија тој ќе биде лоциран. Но на прашањето кога Бугарија ќе го поевтини роамингот за македонските граѓани, за што и двете Влади потпишаа меморандум уште во 2017 година, Бугарскиот вицепремиер сега топката ја префрла кај операторите.

Политичарите ветија дека ќе се забрза изградбата на експресниот пат од Куманово до границата со Бугарија, а двете земји ќе работат на железничкото поврзување, без да кажат крајни рокови кога со воз ќе се патува од Скопје до Софија. Според проекциите тоа треба да се случи најдоца до 2027 година.

0 Коментари

Остави коментари