Битиќи: Очекувам да бидат донесени законските измени за зелена еколошка такса
Foto

Битиќи: Очекувам да бидат донесени законските измени за зелена еколошка такса

Виси воведувањето на еколошката такса од 1 јули. Министерството за животна средина  ги спреми законските измени. Со европско знаменце испратени се  до Законодавниот дом.

Македонската и албанската опозиција ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса-Алтернатива најавија нова блокада, а кај власта владее оптимизам - за нив зелената агенда е приоритет. Вицепремеирот Фатмир Битиќи очекува пратениците за брзо време да гласаат за воведување на еколошка такса, во прашање вели, се денови. Битиќи иако не објасни на кој начин неговата надеж се токму граѓаните, тој ги посочи за план Б. 

Се очекува од таксата во Буџетот да се инкасираат околу 54 милиони евра. Власта тврди парите ќе се трошат за обновливи извори на енергија.  

Опозицијата обвинува, ова е кризен данок. Според СДСМ најавите за блокада докажуваат дека единственото нешто што ВМРО-ДПМНЕ знае  да понуди се блокади и деструкции. Во меѓувреме Владата најавува набавка на одреден процент еколошки возила на објавениот тендер.

0 Коментари

Остави коментари