Бислимоски за ТВ24: На рати сметките за струја, вода и парно–е една од опциите која се разгледува
Foto

Бислимоски за ТВ24: На рати сметките за струја, вода и парно–е една од опциите која се разгледува

Регулаторна комисија за енергетика заедно со компаниите бараат модел да се олесни плаќањето за струја, вода и парно за периодот во кој е прогласена вонредна состојба. Ова го изјави Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во Отвореното студио на Телевизија 24. 

„Имајќи ги во предвид нашите надлежности веднаш реагиравме и пред да се прогласи вонредна состојба побаравме од компаниите за вода, електрична енергија и парно да престанат со сите активности  во однос на исклучување на корисниците кои немаат платено сметки. Во моментов го бараме најдобриот начин за граѓаните како да ги подмират долговите за овие месеци додека трае вонредната состојба. Дали ќе бидат поделени на рати сметките или пак ќе се одложи плаќањето – бидете убедени дека ќе го најдеме најдоброто решение за потрошувачите за да се надмине овој непријатен период и набрзо ќе го соопштиме до јавноста“ -  изјави Бислимоски.

0 Коментари

Остави коментари