Бишев за ТВ 24: Банкарскиот сектор е стабилен, намален е бројот на граѓани што бараат одложување на ратите за кредитите
Foto

Бишев за ТВ 24: Банкарскиот сектор е стабилен, намален е бројот на граѓани што бараат одложување на ратите за кредитите

Во гостување на ТВ 24, директорот на Шпаркасе банка Глигор Бишев вели дека банкарскиот сектор е стабилен.

- Во целина сите показатели укажуваат на тоа дека банките се стабилни. Тие се фундамент на економијата и профитите што ги генерираат се уште еден фактор кој покажува дека зборуваме за здраво банкарско јадро. Во периодот на криза, банките одобруваат и кредити на фирми кои беа погодени од кризата, но ние ги гледавме нивните биланси за работењето во календарската 2019 кога економска криза немаше, и врз основа на тоа одлучивме дека фирми кои сега се во незавидна состојба, сепак треба да бидат поддржани од банките и затоа направивме одредени отстапки, изјави Бишев.

За ТВ 24 изјави дека во завршница е операцијата за ново одложување на кредитите.

- Поголем дел од банките веќе ја завршија работата, остануваат уште неколку банки да го направат тоа. Во однос на претходното изложување сега значајно е намален бројот на граѓани што бараат ново.

Бишев вели сега банките се доведени во сосотјба тие да трчаат по клиентирте, а не клиентите по нив.

0 Коментари

Остави коментари