БГНЕС: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е оженет за бугарка
Foto

БГНЕС: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е оженет за бугарка

И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. и ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. нема да му помогнат ниту "браќата и пријателите" на Заев кои гледаат дека владата е сериозно разнишана, ова на својот фејсбук профил го објави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако денеска на бугарската национална агенција БГНЕС осамна наслов дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е оженет за Бугарка.

Во текстот се вели дека сестрата на сопругата на Мицкоски која работи како нотар во Струмица има бугарско државјанство, односно поседува бугарски пасош. Според БГНЕС и нејзиниот сопруг е бугарски граѓанин кој се наоѓа во списоците за гласање во Благоевград.

 

0 Коментари

Остави коментари