БГНЕС ја објави адресата на која „живеат“ македонците со бугарски пасоши
Foto

БГНЕС ја објави адресата на која „живеат“ македонците со бугарски пасоши

Во пресрет на парламентарните избори во Бугарија и пописот во Македонија, бугарската агенција БГНЕС обелоденува информација која се чуваше под тепих.  Стан на улицата „Леге“ во Софија е „дом“ на 45.000 странци од кои најголемиот дел се Македонци со бугарски пасоши. 

Градоначалникот на реонот „Средец“ во Бугарија  за БГНЕС вели дека најголемиот број од лицата во избирачкиот списокот од 1000 страници, се со македонски презимиња кои добиле бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло.  

„Ова е затоа што, според законот, оние кои се стекнале со бугарско државјанство и живеат во странство, добиваат постојана адреса во зградата на окружната администрација. Според последните податоци, нивната бројка веќе надминува 82 илјади луѓе. Честопати ги гледам овие луѓе кога користат административни услуги во областа. Сепак, гласачките ливчиња веројатно ќе останат недопрени, како што се случувало досега.“ - изјави Трајчо Трајков градоначалник на „Средец“.

Телвизија 24 побара одговори од бугарското МНР. Како го коментираат овој бугарско македонски проблем и зошто бугарскиот систем воопшто дозволува ваков пропуст?  Како е можно во еден стан да бидат регистрирани илјадници Македонци?  

„Министерството за надворешни работи не е одговорно за граѓанската регистрација, мора да контактирате  надлежните бугарски институции.“ - велат од МНР Бугарија.  

Од македонското МНР молк. Нема реакција како го коментираат фактот што во соседна Бугарија се делат пасоши на илјадници Македонци на иста адреса.

Прашањето со бугарските документи се атуелизираше деновиве во пресрет на македонскиот попис на населението. Бугарската државна машинерија се вклучи по писмото на здружението Иван Михајлов од Битола кое се жали на дискриминација на Бугарите во земјата. Радев ги свика дури и разузнавачките служби, а официјална Софија барала да види и како некои лица се изјасниле на пописот, но не добила информација.

0 Коментари

Остави коментари