Безбедноста на пешаците на прво место, значително намален бројот на жртви на патиштата

Минатата е година со најмал број жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првите четири месеци во годинава покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

МВР, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност од Скопје продолжуваат со активностите со цел подигање на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот.