БЕЗ ОДЛУКА ЗА ДАТУМ ВО ОКТОМВРИ МАКЕДОНИЈА НЕМА ЕУ ПЕРСПЕКТИВА
Foto

БЕЗ ОДЛУКА ЗА ДАТУМ ВО ОКТОМВРИ МАКЕДОНИЈА НЕМА ЕУ ПЕРСПЕКТИВА

Одложувањето на пристапните преговори за Северна Македонија не беше направено под изговор дека државата не ги спроведе реформите туку главно поради процедурални причини, вели премиерот на Грција Алексис Ципрас...Во интервју за државната телевизија, Ципрас објаснува дека одлука се должи на краткиот временски период и неможноста на германскиот Парламент да даде одобрение...

- „ Климата, како што сфатив, е едногласна перцепција, позиција и став на шефовите на земјите членки на ЕУ, како што беше изразено од Европскиот совет, дека во текот на 2019 и веројатно во октомври, ќе започне пристапниот процес,  бидејќи соседот ги исполнува потребните критериуми и реформи. Знаете, отпочнувањето на пристапниот процес секако не значи членство. Има долг пат, многу реформи и многу поглавја да се отворат.“ - изјави Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер во интервјуто напомена и дека договорот меѓу двете земји го зголемил меѓународниот кредибилитет на Грција и дека ако не се случел тој, воздушниот простор над државата ќе го надлетувале турски, наместо авиони на НАТО....

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров вели дека доколку и сега не добиеме покана за преговори, тогаш во иднина повеќе нема да може да зборуваме за државата како дел од европското семејство.... Ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа за мене значи дека не постои европска перспектива, по сето она што го постигнавме за две години, изјави димитров за време на панел дискусијата посветена на случувањата во земјите од Западен Балкан...

- „Големото прашање за Европа е што да правиме со овој регион и дали да испорачаме кога земјите ќе испорачаат. Овој процес не е едносмерна улица, и сметам дека не ни се потребни скратени патишта, но кога земјите ќе испорачаат, Европа мора да испорача исто така, бидејќи во спротивно, нема да имаме процес“. - изјави Никола Димитров – Министер за надворешни работи.

Димитров вели дека и покрај сите препреки со кои се соочиле, успеале да го решат деликатното прашање кое допира до идентитетот....Потенцира и дека со ова е решен долгогодишен проблем но тој ќе има и своја политичка цена во однос на наредните избори....

0 Коментари

Остави коментари