Бесими: Јавните финансии и буџетските документи оценети како транспарентни од Стејт Департментот
Foto

Бесими: Јавните финансии и буџетските документи оценети како транспарентни од Стејт Департментот

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека американскиот Стејт Департмент ги оценил како транспарентни јавните финансии и буџетските документи.

Тој на фб профилот пишува дека министерството за финансии објавува податоци за извршување на буџетот месечно, за движење на јавниот долг квартално, а фискалната стратегија се ажурира годишно.

Најзначајните чекори преземени за транспарентноста на јавните финансии се: фискален бројач, календар на даночна регулатива, апликацијата граѓански буџет, порталот отворени финансии, алатката капитални расходи и алатката за јавен долг.

0 Коментари

Остави коментари