Бесими: До средина на идната година економијата ќе се врати на нивото на кое беше пред пандемијата
Foto

Бесими: До средина на идната година економијата ќе се врати на нивото на кое беше пред пандемијата

Континуиран одговор со фискални, економски и социјални политики со цел ублажување на последиците од пандемијата и поттикнување на закрепнувањето на среден рок се главните препораки од Програмата за економски реформи 2021-2023 година заеднички усвоени со Европската унија, а на чија реализација заеднички ќе работиме со надлежните министри и директори на институции. Европската комисија ja оцени РС Македонија со највисок резултат од 61,1% реализирани заеднички заклучоци усвоени во мај 2020 година, во споредба со земјите од Западен Балкан и Турција. Тоа е највисок резултат постигнат од почетокот на процесот на подготовка на програмите за економски реформи.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на прес-конференција на која ги презентираше усвоените заклучоци врз основа на Програмата за економски реформи за 2021 – 2023 година која првпат содржи проекции надвор од тригодишниот план и со која се предвидува растот да достигне 5,9 проценти во 2025 година, при што просечниот раст на годишно ниво во периодот 2021-2025 да изнесува 5,3 проценти.

0 Коментари

Остави коментари