Беса: Власта прави притисок со полиција врз опозиција
Foto

Беса: Власта прави притисок со полиција врз опозиција

Полицијата во Тетово денеска го испрашуваше претседателот на младинскиот форум на движењето Беса, Лиридон Усенини, велат од Беса. Причината според нив за повикот од полицијата за Усеин биле напишаните графити во неколку градови во земјата.

Од Движењето "Беса" велат дека не се изненадени од како што велат притисокот што власта се обидуваат да направат над активисти и функционери на партијата.

„Наместо МВР да се занимава со криминалот на власта, тие се занимаваат со граѓаните кои го искажуваат својот револт против сегашната и минатата власт, каде што со објавувањето на некои прислушување се покажува нивното вистинско лице", велат од Движењето Беса.

0 Коментари

Остави коментари