БЕСА излегува од пратеничката група на СДСМ, но останува во коалицијата
Foto

БЕСА излегува од пратеничката група на СДСМ, но останува во коалицијата

Пратениците на БЕСА излегуваат од пратеничката група на СДСМ, но коалицијата останува. 

Биљал Касами, Кастриот Реџепи, Дадил Зендели и Бастри Бајрами кои во Собранието влегоа како дел коалицијата „Можеме“ ќе дејствуваат како група независни пратеници од движењето БЕСА бидејќи сметаат дека така можат да дадат поголем придонес при носењето на важни законски решенија. И од СДСМ исто така потврдија дека коалицијата не е доведена во прашање, туку дека се работи за  избор на самите народни избраници од ова движење, а коалициската соработка продолжува и натаму.

0 Коментари

Остави коментари