БЕРЛИН СПРЕМА СОГЛАСНОСТ ЗА С. МАКЕДОНИЈА, А ВИСОКИ ПРЕЧКИ ЗА АЛБАНИЈА?
Foto

БЕРЛИН СПРЕМА СОГЛАСНОСТ ЗА С. МАКЕДОНИЈА, А ВИСОКИ ПРЕЧКИ ЗА АЛБАНИЈА?

Пристапните преговори за Северна Македонија се позивесни, додека Албанија на истиот тој пат може да се соочи со високи пречки на патот кон ЕУ се наведува во Редакциската мрежа на Германија, РНД, теза која што произлегува од страна на Германската владејачка коалиција. За разлика од ставовите кои произлегуваат од РНД еврокомесарот Јоханес Хан кој наскоро треба да го напушти ресорот за проширување и добрососедски политики во Европската комисија, во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ вели дека Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ.

- „Преспанскиот договор со кој беше ставен крај на долгогодишниот спор за името е нешто што треба да биде вклучено во книгите по историја. Кога ја презедов фунцијата државата беше сред политичка криза чие решавање бараше години и бројни патувања во Скопје. Почнавме со изјава дека нема да има проширување на ЕУ, а сега пет години подоцна оставаме реален и жив европски пат за Западен Балкан “. - вели Хан, во интервју за црногорскиот весник „Вијести“.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со шведскиот министер за европски прашања, Ханс Далгрен истакна дека земјава очекува поддршка од Кралството Шведска и во претстојниот период, во пресрет на големата одлука во октомври за старт на преговорите со ЕУ оваа година.

Шведска не само што отсекогаш сме ја сметале за важен поддржувач и пријател во постигнување на нашите стратешки цели како што се европските интеграции, туку како земја претставувала и модел, еден вид и инспирација во насока на преземањето на соодветните реформи во духот на европските вредности“. - истакна вицепремиерот Османи.

Комисијата за надворешна политика на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, побара од министерот за надворешни работи, Никола Димитров да каже кои се ефектите од неговите посети на европските престолнини, во очекување на датумот за преговори за ЕУ.

0 Коментари

Остави коментари