Белоруските власти претресуваа домови на новинари и на активисти
Foto

Белоруските власти претресуваа домови на новинари и на активисти

Властите во Белорусија претресле домови на десетици новинари и активисти, соопшти група за човекови права.

Телефони и компјутери на независните новинари, активисти за човекови права и активисти во најмалку девет белоруски градови беа запленети и тие беа испрашувани, соопшти организацијата за човекови права Вијасна.

Во главниот град Минск, властите извршија претрес во домовите на 10 лица осомничени за финансирање антивладини собири и ширење информации оквалификувани како екстремистички. Активисти и публицисти во Брест, Витебск, Могилев, Гродно, Мозир и други градови, исто така, беа предмет на слични претреси и приведувања. Мета беа и водачите на локалните организации во Гомел и Речица на Обединетата граѓанска партија, најстарата опозициска партија во Белорусија.

0 Коментари

Остави коментари