Бектеши се правда - направил техничка грешка со употребата на „северномакедонски“
Foto

Бектеши се правда - направил техничка грешка со употребата на „северномакедонски“

Министерот за економија Крешник Бектеши направил ненамерна техничка грешка кога ја употребил придавката „северномакедонско“ во писмото што го испратил до Енергетската заедница во Молдавија, велат од неговиот кабинет. Бектеши сега ќе направи корекција и ќе испрати ново писмо, во кое одбива да оди конференција на енергетската заедница поради тоа што на настанот не е покането Косово. Од владата немаше официјална рекција за ваквиот гаф на министерот.

Според официјалните македонски позиции на владата македонскиот идентитет со Преспанскиот договор е бетониран и во  ниту една од препораките не се сугерира користење на терминот северномакедонски.

0 Коментари

Остави коментари