БЕКТЕШИ СЕ ИЗВИНИ ЗА СКАНДАЛОТ СО ФОТОГРАФИЈАТА „ДОМА СИ Е ДОМА“, ОДГОВОРНОСТ НЕМА
Foto

БЕКТЕШИ СЕ ИЗВИНИ ЗА СКАНДАЛОТ СО ФОТОГРАФИЈАТА „ДОМА СИ Е ДОМА“, ОДГОВОРНОСТ НЕМА

Министерството за економија се извини за „позајмената“ фотографија од Германија, која ја симнале од Интернет за да го промовираат летувањето во домашните туристички дестинации во Македонија, како дел од платформата „Дома си е дома“. Но министерот Бектешки се уште не презел никаква мерка за да утврди кој е одговорен што кампањата вредна 10 милиони евра, стана мета на потсмев во целата држава. И по неколку инсистирања на новинарите на денешната прес конференција, да биде лоцирана одговорноста, Бектеши рече дека ќе провери дали некој намерно згрешил. А ако грешката е од незнаење на администрацијата во Министерството за економија нема вина.

Крешник Бектеши министер за економија - „Јас ги знам луѓето што раководат со тој сектор и не би се согласил со начинот на кој што вие кажавте дека не знае или пак дека не постапува согласно задачите што ги имаат“.

Бектеши го оправда и го пофали Секторот за туризам, изразувајќи му јавна благодарност зашто ја искреирал Платформата за само десет дена, иако воедно одговора и на 30.000 мејлови пристигнати од граѓаните. Човечки е, според министерот, да се прават грешки и не треба да се гледа само на негативната страна.

Крешник Бектеши министер за економија - „Симболиката беше да дадеме пример, но истовремено и порака дека иако немаме море во нашата држава, имаме планини, езеро. Фотографијата е веќе сменета. Во моментот работиме на дополнителни фотографии од нашите туристички дестинации, а годинава ќе имаме прилика и речиси неделно да ги менуваме фотографиите“.

За фотографијата дури се огласи и авторот, британскиот фотограф Симон Мигај, кој на социјалните мрежи иронично напиша дека умира од смеење. Неговата фотографија од Германија станала популарна во кампања во Македонија. Социјалните мрежи зовреа. Твитерџиите со денови предлагаат на шеговит начин и други (во поднаводници) „домашни“ туристички локалитети и природни убавини. Па така, кулите близначки во САД да бидат Марковите кули во Прилеп, Швајцарските скијачки центри, наместо Копанки на Пелистер, па дури и Ајфеоловата кула да биде претставена како Дуикачак џамија во село Арачиново.

За изработка на платформата Министерството за економија склучило договор во четири очи со фирмата Џисикс Солушнс за што од касата платиле 16 илјади евра.

0 Коментари

Остави коментари