Беким Хаџиу, газдата на „Беса транс“ се огласи - трагедијата била тест од Алах
Foto

Беким Хаџиу, газдата на „Беса транс“ се огласи - трагедијата била тест од Алах

Трагедијата во која загинаа 45 луѓе меѓу кои 12 деца за споственикот на Беса Транс била тест од Алах. По пет дена молк на социјалните мрежи денеска се огласи првиот човек на Беса Транс - Беким Хаџиу.

ТВ24 се обиде телефонски да стапи во контакт со сопственикот на Беса Транс но одговор не добивме.

„Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за наше семејство. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира.” - Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса транс“.

Поранешниот претеник пак Павле Богоевски прстот го впери кон државата.  

„Ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби. Сите тие паднаа на тестот.“ - изјави Павле Богоевски.

Кои се причините за несреќата, но и за избувнувањето на пожарот и натаму се испитува. Истргата за несреќата ја води бугарското обвинителство, оттаму денеска за ТВ24 велат детали нема, ќе се разгледува документација земена од Македонија.

„Денеска нема нови детали, колегите вчера од Скопје ги соопштија сите новости. Сега ќе се разгледува документација која беше земена вчера.“ - Сика Милева – портпарол на ОЈО Бугарија.

Шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пак за ТВ24 вели тие завршиле со своите надлежности. Собраната документација, записниците од сослушаните возачи на автобусите, и неколку сведоци се веќе доставени во Бугарија. 

„Во најголем дел е завршена, докментацијата од транспорт и врски што им беше потребна на колегите од Бугарија е доставена, исто така досието од полиција за автобусите на Беса Транс, сослушани се возачите на автобусите и двајца, тројца сведоци. Сме во конатакт со колегите од Бугарија, доколку им се потребни дополнително да се сослушаат сведоци ќе бидат сослушани веројатно некаде во вторник.“ - вели Вилма Русковска - Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Паралелно со истргата во Бугарија – предистрага се води и во земјава. Скопското обвинителство за ТВ24 велат се уште ги вештачат одземените компјутери од Беса транс, а се разгледува и целокупната документација. Повторуваат ќе се расчистуваат сите ситуации поврзани со несреќата, од документација за автобусот до тоа како тој ги поминувал границите.

Денеска од Скопје во Софија заминуваат двајца експерти од Судска медицина, ќе им помагаат на бугарските колеги за побрза индентификација  и предавање на телата на нивните семејства. Министерот Османи  најави дека ќе контактира со семејствата на загинатите, а во истовреме со бугарските колеги ги прават плановите за  пренесување на телата на починатите.

Македонските власти неколку дена по несреќата соопштија дека автобусот во кој загинаа 45 патници немал извод од лиценца за меѓународен слободен превоз на патници и дека не бил стар три, туку 13 години. Овој автобус во последната година без лиценца повеќе од 130 пати ја поминал македонската граница.

Несреќата се случи на 23 месецов, во 3 часот и 30 минути, на магистралата Струма, во Перник, Бугарија, загинаа 45 патници, а 7 беа повредени.

0 Коментари

Остави коментари