Бејрут го преживува хаосот по страотната експлозија
Foto

Бејрут го преживува хаосот по страотната експлозија

Либанските спасувачки екипи продолжуваат со потрагата по повеќе од 100 лица кои се водат како исчезнати, еден ден по големата експлозија во Бејрут, која целосно го уништи пристаништето, но и дел од градот..во експлозијата, која беше почуствувана и во Кипар, одалечен повеќе од 200 километри, загинаа најмалку 100 лица, а преку 4000 се хоспитализирани.

Болниците низ градот се полни со повредени лица, а издадена е наредба и хотелите во центарот на Бејрут да примаат лица на кои им треба помош. Повеќе од 300 илјади жители останале без своите домови. 

- Сум преживеала лоши работи но ништо не може да се спореди со ова.  Никогаш досега не сум била толку исплашена. - изјави Залфа Глом – жител на Бејрут.

- Им верувавме со нашите животи а тие не изневерија. Зошто се уште се на власт. Веднаш треба сите да поднесат оставка.

Во Бејрут е прогласена двонеделна вонредна состојба, а сите надлежни од пристаништето, кои го надгледувале складирањето и безбедносните мерки, завршија во куќен притвор. Либанската армија доби наредба да ги чува се додека не се утврди чија е одговорноста за несреќата.

Претставници на либанската влада потврдија дека причиан за експлозијата е несоодветното чување на 2750 тони амониум нитрат, кој се користи за правење експлозиви, полнење гранати, но и за производство на вештачко ѓубриво.

„Одговорните за оваа катастрофа ќе бидат санкционирани. Тоа им го ветувам на сите и тоа е наша одговорност.“ - изјави Хасан Диаб - премиер на Либан.

Либанските медиуми пак повикувајќи се на извори од царинската управа велат дека цариниците со години предупредувале дека опасниот материјал е непрописно складиран и дека треба да се дислоцира од населената област. Сепак, сите нивни напори завршувале безуспешно.

„Сите институции во државата знаеја дека вакви материјали се чуваат во пристаништето. Армијата, премиерот, судството, сите знаеја каква е состојбата. Политичките притисоци но и интервенциите во судскиот систем, доведоа до оваа нереќа.“ - изјави Марк Дау – поранешен пратеник во либанскиот парламент.

Државите од Заливот и први соседи на Либан веднаш реагираа. Катар објави дека ќе испрати теренски болници за да го олесни притисокот врз преоптиварениот медицински систем а холанските и француските власти соопштија дека нивни екипи за брза помош веќе се упатени кон Бејрут. Реагираа и Израелските власти. Иако двете држави долги години беа во војна, израелската влада веднаш понуди хуманитарна помош.

0 Коментари

Остави коментари