БЕЏЕТИ ЈА ОБВИНУВА ВЛАДАТА ЗА ПРИТИСОК И БАРАЊА ЗА УРГЕНЦИИ ЗА СМЕНА НА СУДИЈА
Foto

БЕЏЕТИ ЈА ОБВИНУВА ВЛАДАТА ЗА ПРИТИСОК И БАРАЊА ЗА УРГЕНЦИИ ЗА СМЕНА НА СУДИЈА

Заев бараше од мене да влијаам врз членови на судски совет да биде рзрешен еден претседател на суд , а откако одбив за кратко време антикорупциска отвори предмет против мене за платформата на Матка – ова според градоначалникот на Сарај Блерим Беџети е причината поради која антикрупциска решила да го гони кривично, а не поради непостапување за платформата .

Според Беџети ваквиот предлог од страна на премиерот Заев стигнал на 17 јули а откако одбил и рекол дека не може да влијае на членовите за кратко време антикорупциска го отворила предметот.

Беџети исто така вели не ја исклучува можноста и за организирање на референдум во општина Сарај за жителите да се изјаснат за дивоградбите. Вели се сретнал и со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кој вели од него барал да се урне една од дивоградбите на Матка за во јавноста да се добие впечаток дека нешто се работи .

Шилегов потврди дека се видел со Беџети и дека поради барање на граѓаните побарал уривање на палтформата. Му порача на колегата од Сарај да не се занимава со како што рече ефтино политиканство.

Во врска со притисокот за кој Беџети ги обвинува СДСМ и премиерот Заев - Шилегов вели не е запознаен .

ТВ 24 побара став и од Влада но и како ги коментираат обвинувањата на Беџети упатени кон премиерот Заев - од таму до емитување на прилогот не одговорија . Првиот човек на општина Сарај пак веќе најави и кривични против членовите на антикорупциска кои гласале за отворање на овој предмет во врска со Платформата на Матка, но и против претседателката на комисијата Билјана Ивановска. Кривичните вели ќе бидат за злоупотреба на службена положба и овластувања на антикорупционерите. Антикорупциска пак кривично го гони дека наместо да постапува по барањата за платформата на Матка, тој документите ги чувал во фиока.

0 Коментари

Остави коментари