Бартомеу: Меси ќе игра во Барселона уште 2-5 години
Foto

Бартомеу: Меси ќе игра во Барселона уште 2-5 години

Претседателот на Барселона, Јосеп Бартомеу, кажа уште колку ќе игра Лионел Меси во каталанскиот клуб.

Аргентинецот е ученик на фудбалската академија на Барселона, а член е на првиот тим уште од 17 години.

„Нема сомнение дека Меси е сè уште млад, сè уште силен. Тој сè уште е амбициозен. Се разбира, ако Лео се чувствува силно, сите ќе сакаат да го продолжат договорот со него на неопределено време. Така, Меси ќе игра две, три, четири или пет години. Не се сомневам во тоа. Откако Лео ќе ја заврши својата играчка кариера, тој ќе остане поврзан со Барселона до крајот на животот“.“ - изјави Бартомеу.

 

Оваа сезона Меси има настапено на седум натпревари во шампионатот на Шпанија, на кои постигна осум  гола и направи четири асистенции.

0 Коментари

Остави коментари