Барти против Киз во првото полуфинале на женскиот дел од АО
Foto

Барти против Киз во првото полуфинале на женскиот дел од АО

Американката Медисон Киз и Австралијката Ешли Барти ја сочинуваат првата двојка на Австралија опен.

Ова е епилогот по денешните два четвртфинални меча на Грен слемот во Мелбурн.

Најпрво Киз во два сета (6:3 и 6:2) ја совлада Барбора Крејчикова од Чешка, а потоа Барти славеше исто така со 2:0 (6:2 и 6:0) во дуелот со Џесика Пегула (САД).

Другите две полуфиналистки ќе бидат познати утре по мечевите:

Колинс (САД) корне (Франција)

Свјатек (Полска) – Канепи (Естонија).

0 Коментари

Остави коментари