Барселона единствена непоразена екипа во Евролигата
Foto

Барселона единствена непоразена екипа во Евролигата

Кошаркарите на Барселона синоќа на домашен терен ја победија Валенсија со 83:77, во дуел со кој беше заокружено петтото коло од Евролигата.

По овој триумф и поразот на ЦСКА Москва на домашен терен од Олимпијакос (79:84), каталонскиот тим остана единствениот со максимален учинок.

Барселона е лидер на табелата со ефект 5-0 (победи-порази), ЦСКА Москва, Химки, Анадолу Ефес и Милано имаат биланс 4-1.

Во долниот дел на табелата се Црвена ѕвезда, Алба Берлин и Фенербахче со по само една победа и четири загубени средби, а на последното место е Валенсија без ниту една победа и со пет порази.

0 Коментари

Остави коментари