Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски стигна во Собранието
Foto

Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски стигна во Собранието

Барањето од Кривичниот суд да се закаже расправа за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски – стигна во Собрание. Од утре, пратениците на комисиска седница ќе расправаат дали поранешниот спикер треба да остане без имунитетот кој го штити од притвор. За колегите на Велјановски од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ оваа судска одлука е политичка пресметка. Побараа од власта државен јавен обвинител од опозицијата, во спротивно најавија дека ќе ги блокираат сите реформски закони.

„Во една ваква недемократска атмосфера која директно го руши и предизборниот амбиент пратеничката група нема да ги поддржи системски процеси и закони додека власта не се согласи на јавен обвинител на предлог на опозицијата за испитување на сите криминални и корупциски афери. Ние го замрзнуваме нашето учество во процесот на Жан Моне, не затоа што не се согласуваме со целите на нашите меѓународни партии, туку затоа што власта создава ненормални околности за работа.“ - изјави Никола Мицевски – ВМРО ДПМНЕ.

Времето на мешање во судството и обвинителството заврши – возвратија од власта. Велат дека не треба да се штитат партиски интереси, туку да се гласаат реформски закони во кои се вградени барања од опозицијата.

Неодговорно и спротивно на интересите на државата е ВМРО-ДПМНЕ да застане против реформите кои што се од искличително значење за напредокот и почетокот на преговорите со Европската унија. Станува збор за системски законски решенија кои што се целосно усогласени и во нив се имплементирани дел од забелешките на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Одговорност за настаните на 27 април мора да има во транспарентна судска постапка. Ние како Собрание сме должни да расправаме и да одлучуваме за барањата на Судот.“ - изјави Јован Митревски – СДСМ.

Велјановски синоќа беше на распит заедно со поранешните функционери од ВМРО ДПМНЕ за настаните од 27 април 2017. Се повика на пратеничкиот имунитет и беше пуштен слобода – вели не се чувствува виновен. За Трајко Велјановски мерка притвор побара обвинителството за организиран криминал бидејќи во предистрагата откриле дека бил вмешан во организирање на упадот во Собрание. На товар му се става кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Дали ќе му биде одредена мерката притвор, зависи од одлуката на пратениците. За да му се одземе имунитетот на Велјановски, потребни се 61 пратенички глас.

0 Коментари

Остави коментари