Банките со рекордни профити: Банкарите тријат раце, граѓаните сардисани со камати и провизии
Foto

Банките со рекордни профити: Банкарите тријат раце, граѓаните сардисани со камати и провизии

Зошто македонските банки се заштитени бели мечки во монетарниот систем?! Од година в година растат профитите, додека стопанството стагнира, а граѓаните се гушат во долгови. ТВ 24 објави дека за девет месеци од годинава домашните банки поставија историски рекорд, заработувачка од неверојатни 124 милиони евра. Монетарната власт засега нема одговори како да ги заштити граѓаните од високите камати за кредититите и од провизиите.

„Тие имаат некаква заштитена позиција во македонското стопанство и ако ги видите финансиските резултати на Ќобичните домашни компании“, тогаш економија не стои многу сјајно. И во нашите домашни банки во рамките на матичните банки, тие покажуваат најдобри резултати.“ - вели Павле Гацов, даночен експерт.

Експертите се децидни дека мора некако да се регулираат каматните маргини, бидејќи банките даваат ниски камати за парите на граѓаните, односно за депозитите, додека наплатуваат високи камати за кредитите. Сугерираат и на поголемо оданочување на банкарскиот сектор.

„Треба да се обрне внимание повеќе на каматната маргина на разликата меѓу висината на каматните стапки на депозитите и и кредитите.“ - вели Гацов.

Професорот Шукаров пак смета дека финансискиот сектор е најрегулиран во земјава и нема простор за корекции. Трпел многу големи притисоци, а државата мора да дозволи пазарно однесување, бидејќи банките се компании чија главна цел е профитот.

„Не ги барајте елементите во тоа зошто не реагираат како да се социјалнои институции и треба да помагаат. Нивна целна функција е остварување на профит. “ - вели Мирољуб Шукаров, професор.

Ако претходно во 2008 и 2009 година се мислеше дека банките го достигнаа врвот со заработувачка од 55 и 59 милиони евра, сепак во 2016 и 2017 година се дуплира нивната заработка и достигна 102 и 106 милиони евра. Годинава се на добар пат таа да се зголеми за три пати – во однос на минатата деценија.

0 Коментари

Остави коментари