АВТЕНТИЧНОТО ТОЛКУВАЊЕ УТРЕ НА СОБРАНИСКА КОМИСИЈА
Foto

АВТЕНТИЧНОТО ТОЛКУВАЊЕ УТРЕ НА СОБРАНИСКА КОМИСИЈА

Претседателката на ЗКП Соња Мираковска за утре во 14:00 часот во СОбранието ја закажа Комисијата на која точка на дневен ред ќе биде автентичното толкување на членот 11 од Законот за помилување. Оваа одлука доаѓа откако Владата даде зелено светло и го усвои мислењето на Министерството за правда за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување на денешната седница. Во дописот до јавноиста само кратко образложуваат дека според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11.

„Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во„Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни“

Во меѓувреме пак денеска владејачката СДСМ ги повика сите пратеници да дадат поддршка за ова автентично толкување и да покажат како што велат дека ќе застанат на стѕраната на правдата .

На новинарско прашање пак дали ќе го поддржат во законодавниот дом автентичното толкување на членот 11 од Законот за помилување генералниот секретар на опозициската ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев само кратко одговори дека нема да дозволат било какви условувања но ќе поддржат се што е во насока на владеење на правото и правната држава .

Вчера пак собранискиот спикер Џафери за ТВ 24 информираше дека автентичното толкување на членот 11 од Законот за помилување поради комплексноста нема да се најде до 11 ти декември на собраниска седница , но од кабинетот исто така информираа дека никој од присутните па и предлагачите не интервенирал околу итноста на барањето. Предлагачи на ова автентично толкување во законодавниот дом се пратениците Сашо Костов и Доме Велковски од СДСМ .

0 Коментари

Остави коментари