Австриската полиција спроведува широка акција по нападот во Виена, уапсени неколку луѓе
Foto

Австриската полиција спроведува широка акција по нападот во Виена, уапсени неколку луѓе

По терористичкиот напад што се случи синоќа во центарот на Виена, во кој беа убиени три лица и еден напаѓач, австриската полиција претресе станови и уапси неколку лица.

Министерството за внатрешни работи утрово потврди дека биле извршени претреси во неколку станови кои се поврзани со убиениот напаѓач. Во полициската акција уапсени се неколку лица, јавија австриски медиуми.

Бројот на повредени во терористичкиот напад во Виена се искачи на 17. Во текот на ноќта беше објавено дека 15 лица се пренесени во виенски болници со прострелни рани и дека седум се тешко повредени.

Портпаролот на Здружението на виенски болници, Кристоф Миро, за агенцијата АПА изјави утрово дека виенските болници примиле 17 повредени лица, од кои најмалку шест се со сериозни повреди. Меѓу тешко повредените е и еден полицаец, кој се уште е во критична состојба.

Во терористички напад што се случи синоќа во центарот на Виена беа убиени три лица, а полицијата уби еден напаѓач.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер на прес-конференција одржана рано утрово.

Нехамер рече дека полицијата пронашла јасни докази оти напаѓачот кој беше застрелан непосредно по почетокот на нападот „е радикализирана личност и симпатизер на Исламска држава“.

Министерот рече дека полицијата била во можност брзо да го идентификува мртвиот напаѓач и открила докази при претрес на неговиот стан и видеа испратени од сведоци.

Официјални лица одбија да го откријат идентитетот на осомничениот бидејќи сè уште траат истраги, а полицијата не ја исклучи можноста други напаѓачи да се сè уште во бегство. Полицијата ги повика луѓето да продолжат да на излегуваат од дома.

Нехманер рече дека Австрија нема да толерира таков напад врз демократските слободи на земјата.

– Нема да дозволиме нашите слободи и основни права да бидат украдени со такви напади, подвлече тој.

0 Коментари

Остави коментари