Австрија ги забранува летовите кон Македонија
Foto

Австрија ги забранува летовите кон Македонија

Австрија од четврток ги забранува сите летови од Виена и Салцбург кон Македонија и 9 други земји.

Ваквата забрана за полетување и слетување од австриските аеродроми кон Скопје и Охрид ќе трае до крајот на јули, а новата одлука на властите во Австрија за повторно воспоставување на воздухопловниот превоз ќе зависи од бројката на активни случаи со ковид-19 во нашата земја.

Одлуката на австриските власти ќе значи дека „аустриан ерлајнс“ од четврток нема да може да лета на релацијата Виена - Скопје - Виена, додека „Виз ер“ нема да смее да ги одржува летовите меѓу Скопје и Салцбург, но и меѓу Охрид и Виена.

Ваквата одлука на австриските власти доаѓа само неколку дена откако италијанската влада ги откажа сите летови меѓу аеродромите во македонија и италијанските градови.

0 Коментари

Остави коментари