Австралија: До сега угинаа најмалку 380 насукани китови
Foto

Австралија: До сега угинаа најмалку 380 насукани китови

Најмалку 380 пилот китови насукани на западниот брег на Тасманија угинаа, соопштија спасувачите додавајќи дека ова најголемиот број на смртни случаи поврзани со насукувања регистрирани во Австралија.

Спасувачките екипи спасија 50 китови и се верува дека уште 30 се живи, изјави денеска Ник Дека, менаџер на Парковите во Тасманија и Службата за диви животни.

Во понеделникот околу 270 китови се насукаа на три локации во пристаништето Меквари.

Уште 200 други утрово беа пронајдени мртви на околу седум до 10 километри јужно од првата локација.

0 Коментари

Остави коментари