АВМУ: Законите за медиуми не даваат надлежност на регулаторот да испитува потекло на капиталот
Foto

АВМУ: Законите за медиуми не даваат надлежност на регулаторот да испитува потекло на капиталот

Законите за медиуми не му даваат надлежност на регулаторот да го испитува потеклото на капиталот, велат од агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  во реакција на денешното соопштение на здружението на новинари на македонија.

Оттаму велат, дека Агенцијата е зачудена од барањето на ЗНМ да се спроведе итен вонреден надзор со цел да се утврди дали телевизијата 1тв ги има прекршено одредбите од законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и имајќи го предвид претходно наведеното, нејасно е што се очекува да се констатира со надзорот.

Но агенцијата од 4 ти јули има одлука за поведување постапка за проверка на сознанијата дали Бојан Јовановски е сопственик на 1 тв, односно дали е нејзин таен содружник. Постапка во февруари беше поведена и поради именување на сопругата на еден од основачите на 1 тв за носител на јавна функција. Јавни реакции беа упатени и поради прекршување на програмските стандарди и заканите кон новинарка од друг медиум поради нејзините критики за емисија што се емитуваше на 1 тв, наведува АВМУ.

0 Коментари

Остави коментари