АВМУ ќе враќа пари на телевизиите и радијата, ТВ 24: Не сме барале никаква донација од АВМУ
Foto

АВМУ ќе враќа пари на телевизиите и радијата, ТВ 24: Не сме барале никаква донација од АВМУ

Медиумскиот регулатор АВМУ утре потпишува договор со телевизиите и радијата за враќање на парите што радиодифузерите ги платиле на агенцијата како надоместок за радиодифузна такса.

Станува збор за сума од вкупно околу 1, 1 милион евра, пари што се платени во 2019 и 2020 та година.

Според АВМУ одлуката е донесена самостојно, со надеж како што известија од таму дека оваа мерка ќе го олесни работењето на приватните радиодифузери. за оваа одлука АВМУ ја извести јавноста, без притоа да ги извести или консултира најзасегнатите, телевизиите и радијата, за најавената промена.

Иако веќе извесно време медиумскиот пазар е погоден од состојбата со коронавирусот, телевизија 24 известува дека во ниеден момент не побарала ваква мерка од агенцијата.

Од нашето постоење, веќе десетта година, тврдиме дека медиумите на пазарот треба да работат без државни донации, во полза исклучиво на јавниот интерес и на граѓаните.

0 Коментари

Остави коментари