Авион на армијата на Чиле со 38 лица се урна утрово еден час по полетувањето
Foto

Авион на армијата на Чиле со 38 лица се урна утрово еден час по полетувањето

Авион на армијата на Чиле кој превезувал 38 лица се урна утрово еден час по полетувањето.

Леталото се движело од градот Пунта Аренас, а крајна дестнација била база на армијата која се наоѓа на Антарктикот. Чилеанските власти соопштија дека не се оптимисти за конечниот изход и дека мали се шансите да има преживеани во несреќата.

Откако врската со екипажот била прекината, чилеанските военовоздухопловни сили, како и националните и странските авиони и бродови, започнале претрага на регионот каде се претпоставува дека се урнал авионот.

0 Коментари

Остави коментари