Аудиција за Јуниорски Евросонг 2019
Foto

Аудиција за Јуниорски Евросонг 2019

Аудиција за избор на вокален интерпретатор кој ќе ја претставува нашата држава на Јуниорски Евросонг 2019 во Гливице, Полска, ќе се одржи во сабота во Македонската радио телевизија.

Како што информираат од МРТ, децата учесници на аудицијата траба да бидат на возраст помеѓу 9 и 14 години на денот на финалната манифестација на 24 ноември и треба да исполнат две композиции по сопствен избор. Дозволен е караоке начин на пеење при што учесниците треба да донесат со себе технички исправен носач на звук аудио ЦД.

Пријавувањето за аудиција е отворено од 20 јуни до 4 јули годинава.

0 Коментари

Остави коментари