Атрактивно земјоделско земјиште понудено на оглас - се бараат домашни и странски инвеститори да го закупат и инвестираат
Foto

Атрактивно земјоделско земјиште понудено на оглас - се бараат домашни и странски инвеститори да го закупат и инвестираат

Ова атрактивно земјоделско земјиште во скопската населба Идризово е само едно од оние локации што државата ги нуди под закуп а каде освен насади со овошје, лозје, лешници и маслинарци инвеститорите ќе треба да изградат и винарници, кланички капацитети, млинови, оранжерии, откупни центри и центри за преработка. Станува збор за земјоделско земјиште кое е поголемо од 3 хектари. Оваа локација со површина од 121 хектар е една од поголемите што се нуди на јавниот оглас за закуп на државно земјоделско земјиште. Намената на ова земјиште е за одгледување земјоделски култури. Земјоделецот или инвеститорот кој ќе се одлучи на ваков потег обврзан е во рок од 5 години да изгради објект за примарна обработка на земјоделските производи. Почетната цена за јавното наддавање наова земјиште изнесува 12 илјади евра.

Понудени се вкупно 23 атрактивни државни парцели. Најмалата е во Ресен, со нешто помалку од пет хектари. Предвидена е за подигање оранжерии. Почетната цена за јавно наддавање е 422 евра како годишен закуп. Најголемата парцела е во Свети Николе со површина од 241 хектар. Предвидена е за насади на лозје, а во рок од 5 години треба да се изгради објект за примарна обработка на земјоделски производи. Почетната цена е 20.691 евра. Овие парцели се нудат на домашните физички и правни лица, но и на странски компани а Владата очекува дека ќе обезбеди капитални инвестии кои што ќе донесат и нови вработувања. Но освен овие понудени атрактивни површини кои се поголеми од 3 хектари на друг оглас се нуди и земјоделско земјиште е помало од 3 хектари, и е од пониска класа, и се наоѓа на поголеми надморски височини...Тука самите самите земјоделци доколку имаат информации за слободна земја, треба да обезбедат документација, но да внимаваат земјиштето да не е предмет на денационализација и да не е веќе дадено под закуп.

„Целта на повикот е да се стави во функција секоја педа земја, која може да овозможи земјоделско производство. Со воведување на оваа олеснителна процедура, им овозможуваме на сите заинтересирани со нивен пројавен интерес да добијат државно земјоделско земјиште и на тој начин директно да се зголемат површините со обработливо земјоделско земјиште, а со тоа и производството на земјоделски производи“ - изјави Љупчо Николовски - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во меѓувреме со оние кои не плаќале закуп раскинати се 212 договори а бројот може да биде зголемен. Сега, од интересот на новите огласи ќе се види дали власта ќе успее да го реализира ветувањето дека ќе се зголеми искороистеноста на земјоделско земјиште со оглед дека сега дури третина од нивите се необработени.

0 Коментари

Остави коментари