Асанж и американски владини претставници се соочуваат пред лондонски суд
Foto

Асанж и американски владини претставници се соочуваат пред лондонски суд

Под зајакнато обезбедување, претставници на американската Влада и Џулијан Асанж за прв пат се соочуваат во судот во Лондон. Основачот на Викиликс е обвинет по 18 точки поради објавување доверливи документи а сослушувањето следува една деценија откако Викиликс објави голем број тајни податоци.

Американското Обвинителство го товари Асанж за поврзаност со припадникот на воените разузнавачки служби Челси Менинг, кој хакирал компјутер на Пентагон и објави стотици илјади тајни дипломатски и воени документи за војната во Ирак и Авганистан, со што, наводно, бил доведен во опасност животот на американските државјани.

„Господинот Асанж им помогна на денешните диктатори. Неуспешно се обиде да се задскрие зад правото на слобода и приватност. Во реалноста, тој работеше само за сопствена промоција.“ - изјави Мајк Помпео – Државен Секретар на САД.

Медиумски организации и групи за граѓански слободи, вклучувајќи ги и Амнести Интернешнал и Репортери без граници пак сметаат дека обвинувањата против Асанж претставуваат закана за слободата на медиумите.

„Тоа е напад врз новинарството. Единственото обвинение против Асанж, кое се крие зад глупоста за шпионажа, е обвинението против новинарството.“ - изјави Јанис Варуфакис. 

Одбраната на основачот на Викиликс инсистира дека обвинувањата од САД се политички мотивирани...Најавија и дека ќе приложи докази дека во август 2017 година, администрацијата на Доналд Трамп му понудила помилување доколку каже дека Русија не била вмешана во протекувањето на мејловите на Демократскиот национален комитет.

Рочиштето за екстрадирање почна со изјаснување на адвокатите од САД, кои го обвинуваат Асанж за шпионажа и каде би можел да добие 175 години затвор.

Ако судот се согласи тој да биде екстрадиран, последниот збор сепак ќе го има британската Влада.

0 Коментари

Остави коментари