Артан Груби: За спорниот член од законот за помилување ќе се дебатира во Собранието и Уставниот суд
Foto

Артан Груби: За спорниот член од законот за помилување ќе се дебатира во Собранието и Уставниот суд

Централното претседателство на ДУИ не ја коментира „правната војна" која ја отвори иницијативата пред Уставниот суд, а со која би можело повторно да се врати на сила амнестијата на Ѓорѓе Иванов на сите политичари обвинети од сјо, меѓу кои има и функционери од врвот на ДУИ.

На седницата која попладнево ја свика партискиот лидер Али Ахмети, се разговарало само за партиски теми, идниот изборен конгрес и статутарните измени. Пред партиското седиште во мала речица, пратеникот Артан Груби изјави дека  иницијативата за оценување на уставноста на членот 11 од законот за помилување не ја видел, па порача дека дебата ќе се води во Собранието и  Уставниот суд.

0 Коментари

Остави коментари