Арсовски: Заев лажеше дека има писмени гаранции за датум
Foto

Арсовски: Заев лажеше дека има писмени гаранции за датум

„Ветото на Бугарија на нашите евроинтеграции има име и презиме, тоа е Зоран Заев. Тој се коцкаше со македонските национални интереси, се коцкаше со идентитетот, со народот, односно играше ол ин и загуби. Не загуби само тој, загуби целиот македонски народ, заради неговото коцкање“ рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски смета дека „Зоран Заев во очи ги гледаше граѓаните и ги лажеше и се уште ги лаже. Но, веќе се е кристално јасно, нема повеќе кого да лаже. Поразена е неговата патлиџан дипломатија и свиткана кичма. Македонија со Заев е оставена на ветрометина. Нема ни црвени линии, ниту бетониран идентитет, ниту датум. Оттука постојат отворени сомнежи дека Заев за да се заштити влегува уште подлабоко во своето пазарџиство и нути се што може да понуди“.

0 Коментари

Остави коментари