Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во 24 анализа, во врска со говорот на омраза кој е се поприсутен на социјалните мрежи и во секојдневнието, се осврна и на настаните од 2015 при упадот на демонстранти во владата и неговата изјава кога опозицијата ја нарече дива орда и хулигани, објаснувајќи дека зборот орда е општоприфатен збор.
„Тие луѓе имаа насока од Заев да предизвикаат нереди и да ја нападнат полицијата. Орда како збор е административно воена организација или премекски сојуз кај турско-могнолските премиња. Тоа е објаснувањето за зборот орда, а овие луѓе беа воено инструирани да војуваат со полицијата.“ - рече Арсовски.
Тој рече дека се доловил моментот на однесувањето на демонстрантите и рече дека се однесувале како дива орда. Арсовски потенцираше дека не е случајно што опозицијата го споменува Зоран Заев. Има ситуации каде секојдневно се споменува и Христијан Мицкоски.
„Сметам дека во ниту едно наше излагање каде што го споменуваме, никој не си дозволува да шири говорот на омраза кон одреден човек. Заев како човек е главата и мозокот буквално на се она што во моментов ни се случува како влада и државата. Виновен е за секоја постапка на владата, не го избрале функционери, туку тој самиот станал премиер и тој назначувал функционери и затоа тој е човекот од којшто потекнува се.“ - рече Арсовски.
0 Коментари