Арсовска: На институциите им е потребен кризен менаџмент, а тоа го немаме 30 години
Foto

Арсовска: На институциите им е потребен кризен менаџмент, а тоа го немаме 30 години

„Мерката од која има резултати е финансиската поддршка на платите на вработените. Во делот на туризам и угостителство, тие беа секторите кои поради рестрикциите беа оневозможени да работат. Беше оправдан нивниот напор за да бидат помогнати. Загубите поради пандемијата, поради кризата се непресметливи, огромни се. Треба да се има голема флексибилност, треба да им се помогне на сите. Ниту едно претпријатие да не се затвори. Многу тешко е кај нас да се затвори компанија, а лесно е да се отвори. Треба да се бориме дека на Владата, на институциите им е потребен кризен менаџмент, а тоа го немаме 30 години. Тоа мора да се воспостави. Дијалог има, од почетокот на кризата, многу тешко затоа што треба многу време“ - вели Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори во Студио 10 на ТВ24.

 

0 Коментари

Остави коментари