Армијата на Македонија како членка на НАТО во прва мисија во Косово
Foto

 Армијата на Македонија како членка на НАТО во прва мисија во Косово

Армијата на Македонија како 30-та земја членка на НАТО од денеска, првпат директно, со 44 нејзини припадници, ќе учествува во мисијата КФОР во Косово.

Првата ротација е составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „запад“.

Од АРМ соопштија дека пред упатувањето во оваа мисија припадниците на армијата поминале низ потребниот процес на обука, подготовки и селекција каде се извежбувале и обучувале за изведување на задачи кои ги очекуваат за време на мисијата.

0 Коментари

Остави коментари