Арбр Адеми, ДУИ: Не го признавам пописот ако албанците не се под 20 проценти
Foto

Арбр Адеми, ДУИ: Не го признавам пописот ако албанците не се под 20 проценти

Изјавата која ја даде пратеникот на ДУИ Арбр Адеми дека нема да го признае пописот доколку албанците се под 20 проценти е резултат на политичка провокација - и е личен став се дообјасни денеска поранешниот министер за образование и актуелен пратеник од редовите на интегративците Адеми.

Сепак вели убеден е дека албанците се над 20 % а од неговата партијата само кусо велат дека се работи за личен а не партиски став. Премиерот Заев пак денеска со гаранции дека никој со пописот нема да загрозува нечии права.  

Од пратеничката група на СДСМ и денеска додаваат дека е неблагодарно да се лицитира со бројки и дека крајната цел и на ДУИ и на СДСМ е пописот да биде успешна статистичка операција а законското решение очекуваат да биде донесено во најбрз можен рок. ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека ваквите разидувања па макар и на поединци во парламентарното мнозинство само го поткрепуваат нивниот став дека пописот се повеќе наликува на политичка отколку на статистичка операција.

Албанскиот опозициски блок пак веќе се изјаснија дека ќе го гласаат пописот бидејќи земјата скоро 19 години го нема направено но и покрај тоа седницата на која требаше да се гласа беше прекината во петокот.

0 Коментари

Остави коментари