Апостолски за тв 24: Во Вашингтон треба да имаме амбасадор зошто во Белата куќа се е сведено на лобирање
Foto

Апостолски за тв 24: Во Вашингтон треба да имаме амбасадор зошто во Белата куќа се е сведено на лобирање

Внукот на генерал Михаил Апостолски кого Софија го направи Бугар, со исто име како неговиот предок Михаил Апостолски, работел и како економски претставник во македонската амбасада во Вашингтон. Во емисијата 24 анализа, тој рече дека Бајден наследува една корона ситуација на која Трамп не посвети многу внимание.

„Освен што беше најмлад сенатор, сега е и најстар претседател.“ - рече Апостолски.

Апостолски смета дека ќе се справи со ситуацијата во текот на неговиот мандат, зошто Америка, Трамп ја остава поделена. Американската надворешна политика е константна и таа нема да се промени. Америка има иста таква политика и кон нас и смета дека ќе има позитивна насока и тоа ќе зависи од нас.

„Ние во Вашингтон треба да имаме амбасадор зошто во Белата куќа се е сведено на лобирање и ако добро лобираме, ќе имаме подобра позиција. Треба да привлечеме поголеми инвестиции кај нас од Америка. Би требало да имаме позитивна клима. - вели Апостолски.

Апостолски истакна дека процесот со Бугарија ќе биде долг.

„Американците слабоста кон Македонија ја покажуваат смирено, но дадена напната, тие ќе ја внесат и булдожер дипломатијата. Во тој дел, знаат да проценат точно кога да реагираат.“ - вели Апостолски.

0 Коментари

Остави коментари