Апелација ја намали казната на Бобан Илиќ осуден за прегазувањето на малиот Алмир Алиу во Куманово
Foto

Апелација ја намали казната на Бобан Илиќ осуден за прегазувањето на малиот Алмир Алиу во Куманово

Од шест на четири години затвор, Апелација ја намали казната на Бобан Илиќ- осуден за прегазувањето на малиот Алмир Алиу во Куманово, потврдуваат од судот за ТВ24. Причините за намалување на затворската казна се непознати, од Апелација велат ќе бидат образложени на писмено во одлуката.

Казните за останатите обвинети остануваат исти, шест месеци за таткото на Алмир и по девет месеци за двајца членови на семејството. Овој случај предизвика и протести и ја брануваше јавноста поради квалификацијата на делото и висината на затворската казна која ја донесе судот во Куманово.

Предметот Апелација еднаш го врати на повторено судење поради пропусти во постапката. Бобан Илиќ првично беше гонет за убиство со умисла, а по невропсихијатриското вештачење, за тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот.

Во 2016-та година малиот Алиу беше прегазен до смрт од автомобил кој го возеше Бобан Илиќ. На ова претходеше вербален конфликт меѓу Илиќ и семејството Алиу.

0 Коментари

Остави коментари