Апасиев со нов статус ги разгневи духовите на политичката сцена
Foto

Апасиев со нов статус ги разгневи духовите на политичката сцена

Политичарите да дадат пример, а не провокации со навреди и говор на омраза. Ова го порачуваат правници и комуниколози по пцостите на пратеникот Димитар Апасиев упатени до Радмила Шеќеринска. 

„Се моли Шеќеринска да иде у пи*ку матер. Од Карпалак па на лево. Министерка за одбрана на УЧК“ напиша новиот пратеник од Левица, Апасиев, на денот кога се одбележуваше 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак . 

Доскорешната министерка за одбрана не испрати реакција на пораката од Димитар Апасиев. Но, пораката предизвика осуда и бурни реакции во јавноста. 

„Политиката значи дебата, креирање на јавно мислење. Политиката има правила на игра, нашиот народ е зрел, има начини како да се кажат некои работи без да навредите некого или да предизвикате раздор. Да се гради општество на дебата, овие кратки патеки нема да опстојат долго. Најгиолемите партии да дадат пример и да престанат со лош наратив.“ - вели Боран Кордалов-специјалист по односи со јавноста.

Апасиев шири говор на омраза и никој не го казнува, порачуват од невладината Цивил и упатија остра осуда на употребените зборови. Бараат институциите да преземат мерки. 

„ЦИВИЛ бара од сите релевантни институции како што е МВР и Јавното обвинителство итно да постапат соодветно на законските обврски за да ја спречат и санкционираат оваа појава која сѐ повеќе зема замав.  Со своето однесување, Апасиев веќе предизвикува сериозни сомнежи дека тој е непресметлив и не може да се контролира. Можеби е време да се испита неговата деловна способност, особено затоа што тој воедно е дел од наставниот кадар на штипскиот универзитет.“ - стои во соопштението на ЦИВИЛ.

Пораката на Апасиев ја осудуваат  сопартијците на Шеќеринска. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов порача: Македонскиот Шешељ има коса и брада. Официјално, до сега во МВР, ниту во Обвинителството не се поднесени пријави за овој настан.

Претседателот на Левица доби јавна осуда и за првата порака која ја испрати кога најави дека влегува во Собранието. „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“, напиша на Апасиев на социјалната мрежа Фејсбук, каде што има речиси 50 илјади граѓани кои ги следат неговите активности. За тој статус од Обвинителството информираа дека му испратиле покана за распит.

0 Коментари

Остави коментари