Антони Мазневски со нов ликовен проект - „КАКО ШТО Е“
Foto

Антони Мазневски со нов ликовен проект - „КАКО ШТО Е“

„КАКО ШТО Е“ е најновиот ликовен проект на уметникот Антони Мазневски. Изложбата ќе биде поставена во Националната галерија, во објектот на Чифте амам, во периодот од 28.10 до 06.11.2020.

Проектот „КАКО ШТО Е“ го афирмира интересот за космичката интеракција и можноста за нејзина реинтерпретација. Морфолошката слика илустрира геометриски ликовен ракопис, индивидуален метод, животен пулс.

Целта на изложбата е да се презентира неговата понова, седумгодишна продукција пред јавноста. Да се предочат неговите истражувања и усовршувања во полето на ликовната естетика, филозофската мисла, занаетските квалификации. Да се упати или повика ДРУГИОТ на разговор.

Изложбата ќе биде поставена во Националната галерија, во објектот на Чифте амам, во периодот од 28.10 до 06.11.2020.

Антони Мазневски е присутен на домашната и странска ликовна сцена веќе три децении. Завршил додипломски и магистерски студии на ФЛУ, Скопје. Остварил специјалистички студии во Салцбург и студиски престој во Њујорк и Париз. 

Работи како редовен професор на катедрата по сликарство при ФЛУ, УКИМ. Во својата творечка активност има реализирано дваесеттина самостојни и многу групни изложби во земјата и странство, како на пр.: Њујорк, Токио, Париз, Виена, Берлин, Венеција, Лондон, Визбаден, Касел, Нирнберг, Минхен, Рим, Белград, Лоѓ, Прага, Александрија итн. Неговите дела се дел од колекциите на неколку значајни музеи и ликовни институции како на пример: Музеј Албертина (Виена), Музеј Самлунг Есл, (Виена), Александрија Библиотека (Египет), Музеј за современа уметност (Скопје), МАНА Контемпорари (Њујорк), АртСлинк (Њујорк), Музеј Модерна Галерија – Риека (Хрватска) и др.

0 Коментари

Остави коментари