Антикорупциска комисија: Два приговори од ВМРО-ДПМНЕ одбиени, еден прифатен
Foto

Антикорупциска комисија: Два приговори од ВМРО-ДПМНЕ одбиени, еден прифатен

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска покрена иницијатива за утврдување на одговорност на министерот за здравство Венко Филипче откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговор против министерството за здравство и против Агенцијата за разузнавање поради, како што тврди партијата злоупотреба на службено возило во партиски цели во време на изборна кампања.

Потпретседателот на Антикорупциска Нури Бајрами образложи дека во приговорот ВМРО-ДПМНЕ изразува сомнеж дека на 27 јуни годинава автомобил во сопственост на Агенција за разузнавање бил искористен во предизборни активности на СДСМ во Штип. По барање на ДКСК директорот на агенцијата Еролд Муслиу известил дека возилото е донација од Кина и согласно препораките таквите донации се отстапени во користење на повеќе државни органи, меѓу кои и на Министерството за здравство.

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница ги отфрли преостанатите два приговори на ВМРО-ДПМНЕ поднесени против Министерството за земјоделство и против Агенцијата за млади и спорт.

Претседателката на комисијата Билјана Ивановска образложи дека приговорот се однесува на сомневање за сторена повреда од страна на одговорни лица во Министерство за земјоделство, како и од претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, бидејќи на 20 јуни годинава одржале партиски настан за промоција на изградба на браната Конско, објект финансиран од буџетски пари. Ивановска само упати забелешка дека настанот е организиран пред официјалното започнување на кампањата па затоа приговорот на СДСМ ќе биде испратен до Државната изборна комисија.

Владимир Георгиев пак го оцени како неоснован приговорот на ВМРО-ДПМНЕ против Агенција за млади и спорт и директорот Дарко Каевски а се однесува на објавен оглас за финансиска поддршка на фондации и здруженија за соочување со последиците од КОВИД-19 насочени кон младите. Како што рече Георгиев, согласно уредба на Владата и во време на вонредна состојба, огласот навистина бил отворен но не биле исплатени парите со што би бил прекршен законот. Директор на агенцијата Каевски, до Антикорупциска доставил и изјава со која се обврзува дека до завршување на предвремените избори нема да биде донесено решение за резултатите од повикот и дека нема да бидат потпишани договори за реализација на проектот.

Освен овие три, ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе уште еден приговор до Антикорупциска а се однесува, како што изјави Иванка Василевска на половина милион евра корупција во ек на изборна кампања за невладините организации.

0 Коментари

Остави коментари