Ангеловска: Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020. 16,2 проценти
Foto

Ангеловска: Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020. 16,2 проценти

Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020 изнесува 16,2 процента и е историски најниска, напиша денеска на својот фејсбук-профил министерката за финансии, Нина Ангеловска. 

- „Просечната стапка на невработеност во 2019 изнесувала 17,3 насто, додека во последниот квартал од 2019 изнесувала 16,6 проценти.“ – наведе таа.

Ангеловска нагласи и дека годината почнала со раст на вработеноста, пад на невработеноста, раст на платите: 

- „Сепак се наоѓаме во нова реалност – КОВИД-19 пандемијата ќе влијае на сите макроекономски показатели, но со мерките кои се преземаат и ќе се преземаат ќе се потрудиме да кривата на невработеност биде што порамна, да задржиме што повеќе работни места, што повеќе работници да останат на работните места, а оние чие работно место ќе се затвори да ги поддржиме и заштитиме.“ - напиша Ангеловска.

0 Коментари

Остави коментари