АНГЕЛОВСКА: ПЛАЌАЊЕТО ВО КЕШ ДО 500 ЕВРА ЌЕ ЈА РАЗГОРЕШЕ СИВАТА ЕКОНОМИЈА
Foto

АНГЕЛОВСКА: ПЛАЌАЊЕТО ВО КЕШ ДО 500 ЕВРА ЌЕ ЈА РАЗГОРЕШЕ СИВАТА ЕКОНОМИЈА

По шест месеци откако го намалалија лимитот за плаќање во кеш до 500 евра, по скратена постапка во собранието се донесени измени за зголемување на прагот на 3000 евра. Министерката за финансии вели ова не е предлог на нејзиното министерство, туку на група пратеници, но сепак застана во одбрана на измените, бидејќи вели претходните решенија наместо да ја намалат сивата економија, постоело ризик да ја разгорат.

„Нашето укажување беше дека треба да се направи компаративна анализа со други земји и да се преписпита висината. Но, тука би истакнала дека многу претставници од коморите истакнаа дека прагот е превисок и може дополнително да ја разгорат сивата окономија, затоа што ако има лица и сака да купи одредено добро, доколку го одбие продавачот, многу често ризикува да го изгуби клиентот па можеби прават активности кои не ги сакаме како земја и како министерство за финансии.“ - Нина Ангеловска.

Претходно за време на мандатот на Драган Тевдовски се форсираа мерки за намалување на лимитот за готовината, па постепено од 15 000 евра се намали на 500 евра, со објаснување дека тоа се реформи за искоренување на плаќањето на црно.

Сега во своето образложение пратениците посочуваат дека лимитот од 500 евра ги ограничувал граѓаните и дека неопходно е да се усогласиме со другите земји од Европската Унија кои имаат повисок праг за плаќање во готово.

Министерката Ангеловска пак, и покрај новите измени, токму намалувањето на готовината и стимулирањето на дигиталните плаќања, денеска ги најави како најнова стратегија на министерството за 2020.

0 Коментари

Остави коментари