Ангеловска: Новите мерки се дизајнирани да го поддржат македонското производство
Foto

Ангеловска: Новите мерки се дизајнирани да го поддржат македонското производство

Новиот сет на мерки е во насока да понуди стимулирање на приватната  потрошувачка со акцент на домашната економија, домашната понуда и домашните компании. На тој начин преку финансиска поддршка на граѓаните, ќе се поддржи и македонското производство, најави  министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Мерките се така таргетирани со цел да го амортизираат економскиот удар, да понудат стимулирање на приватната  потрошувачка со акцент на домашната економија, домашната понуда и домашните компании. Зборуваме за домашни производи и услуги, мораме да имаме предвид дека меѓу погодените сектори се и голем дел од услужните сектори. Ако ја погледнете нашата структура на бруто домашен производ, околу 65 отсто придонесува приватната потрошувачка. Зборуваме за мерки за период за ревитализирање на економијата, при реотварање, односно во момент кога се отвора малопродажба, се отвараат молови, рече Ангеловска во гостувањето на емисијата „Економски магазин“..

Таа посочи дека стимулирањето на домашната потрошувачка ќе биде таргетирано.

– Да се помогне на најпогодените, на оние на кои им е најпотребно,на ранливите групи, работниците со мали примања. Зборуваме за сет на мерки од една страна насочени кон групи граѓани, од друга страна насочени кон одредени сектори, сегменти и индустрии.  Се работи за мерки кои на краток рок треба да дадат резултат во економијата за да можеме ние да зборуваме за најмал економски пад споредено со регионот, каков што ни се проектира. Мораме да имаме предвид дека падот на економијата и начинот на кој се справуваме ќе зависи многу од мерките кои ги преземаме, потенцира Ангеловска.

Министерката за финасии посочи дека мерките од првиот и вториот сет направиле одредена амортизација и биле пофалени и од Европската комисија и од Меѓународниот монетарен фонд.

0 Коментари

Остави коментари